Првиот чекор за градење на самодоверба кај младите започнува во училиштето. Самодовербата на младите луѓе е тесно поврзана со довербата во надворешниот изглед. На овие теми учениците од основните училишта на територијата на Општина Карпош ќе земат учество во едукативните работилници во проектот Верувај во себе во организација на Интерактивна мрежа за образование и ресурси – ИМОР и Општина Карпош.

Во период од февруари до мај проектот ќе се спроведе во следните пет училишта на територијата на Општина Карпош:

  • ООУ „Братство“,
  • ООУ „Аврам Писевски“,
  • ООУ „Вера Циривири Трена“,
  • ООУ „Лазо Трповски“ и
  • ООУ „Димо Хаџи Димов“

Во период од септември до декември проектот ќе се спроведе во останатите пет училишта на територијата на Општина Карпош:

  • ООУ „Христијан Тодоровски Карпош“,
  • ООУ „Петар Поп Арсов“,
  • ООУ „Војдан Чернодрински“,
  • ООУ „Владо Тасевски“ и
  • ООУ „Јан Амос Коменски“

Во еднодневните работилници организирани во основните училишта на територијата на Општина Карпош, преку користење на видео материјали, илустрации и работни листови учениците на интерактивен и забавен начин ќе се едуцираат на следните теми:

Цели на проектот:

  • Спротивставување на нереалните социокултурни идеали за физичкиот изглед
  • Медиумска писменост во однос на овие идеали
  • Намалување на појавата на споредување и водење разговори за физичкиот изглед
  • Поттикнување на физички активизам и позитивни промени во однесувањето