„Ниту еден млад човек не треба да го напушти училиштето со чувство дека не може целосно да учествува во животот, поради начинот на кој, тој мисли дека изгледа.“ Ненси Еткоф, клинички професор, Медицинскиот факултет Харвард.
Ниското ниво на самодоверба (eng. self-esteem) и незадоволството од надворешниот изгледот (eng. body image) имаат големо влијание врз учењето на детето и неговиот живот во училиштето. Анксиозноста предизвикана поради вниманието што физичкиот изглед го привлекува се поврзува со намалената способност за фокусирање и избегнување на активно учество или ангажирање во училиштето, што резултира со слаби постигнувања на детето.
Физичкиот изглед е склоп од менталната слика што ја имате за себе и тоа како се доживувате себе си кога ќе се погледнете во огледало.Самодоверба е како се вреднувате и почитувате себе си како личност т.е. „вистинското“ мислење што го имате за себе. Самодовербата влијае врз грижата за себе, емоционално, физички и духовно. Самодовербата е важна затоа што чувството на задоволство со себе има големо влијание во однесувањето и третирањето на себе и на другите.
Физичкиот изглед и самодовербата, исто така, директно влијаат едни на други – ако го мразите сопственото тело, не е лесно да се чувствувате добро. Децата кои се задоволни со себе полесно се справуваат со конфликти и отпорни се на негативни притисоци. Спротивно на тоа децата кои немаат самодоверба оптоварени се со чувство на ниска вредност и може да станат пасивни, повлечени и депресивни.
Ако сте здрави и имате идеална телесна тежина тогаш не сте премногу избувливи, изморени или депресивни, не се фрустрирате лесно, не сте анксиозни или лути, имате доволно енергија да поминувате време со вашите пријатели и семејството, да учествувате во спортски и други активности во кои уживате, и да се концентрирате во училиште или на работа.
Децата што имаат самодоверба најчесто имаат позитивно мислење и чувство во врска со нивното тело. Да имате здрава слика за својот физички изглед значи да ги препознавате сопствените квалитети и предности кои прават да се чувствувате добро без оглед на вашата тежина, отпорни сте на притисокот да се стремите кон митот за „совршено“ тело што го гледате во рекламите и во медиумите.
Важно е децата да разберат дека нивното тело е уникатно. Нивните тела се различни, секое тело е добро тело, и ниту еден облик на тело и димензии се добри за било кое друго тело. Дури и ако сите јадат иста храна и ги вежбаат истите вежби во тек на една година, никој нема да изгледа исто на крајот од годината. Генетиката на секој човек влијае различно врз структурата на коските, димензиите на телото, обликот и тежината. Децата треба да сфатат дека убавината, здравјето и силата доаѓаат во сите големини и треба да се чувствуваат удобно во природниот облик на нивното тело.
Секое дете заслужува да порасне чувствувајќи самодоверба за својот физички изглед така што ќе може да го постигне својот целосен потенцијал. Тоа е и причината поради која е развиен проектот Верувај во себе кој кај адолесцентите промовира самодоверба и доверба во нивниот физички изглед. Проектот примарно е наменет за ученици на возраст од 11 до 14 години, но може да се спроведе и со повозрасни момчиња и девојчиња.
Идеали за надворешниот изглед
Учениците ги идентификуваат карактеристиките кои го сочинуваат надворешен изглед на идеалите и го разгледуваат концептот расчленето. Како идеалите се промениле? Од каде доаѓаат? Каков притисок прават тие на нас? Кои квалитети треба да ги промовираме?
Во оваа работилница учениците ќе:
- го разберат концептот на идеален изглед
- го препознавааат притисокот предизвикан од настојувањето да се достигне тој идеал
- развивајат стратегии за оспорување на идеалниот изглед, отпорност на притисокот и градење на доверба во сопствениот изглед
Во работилницата ќе се користат кратки видеа за поддршка на темите на дискусија и за да се предизвика понатамошна дебата за значењето на самодоверба и доверба во надворешниот изглед.
Медиумски пораки
Учениците учат како да бидат разумни, критички корисници на медиумите преку анализа како сликите на луѓето што се појавуваат на ТВ, реклами, списанија итн. кои често се манипулирани и драстично променети за да го рефлектираат тековниот идеален изглед.

Во оваа работилница учениците ќе:
• изградат медиумска писменост преку истражување како сликите и пораките од рекламите во медиумите се обработени и невистинити
• разберат дека е бескорисно да се споредуваат себеси со сликите од медиумите затоа што сликите често промовираат идеален изглед со цел да ни продадат продукти или понудат услуги
• генерираат стратегии како да ги игнорираат медиумските слики и пораки кои промовираат идеален изглед.
Во работилницата ќе се користат кратки видеа и модни журнали за поддршка на темите на дискусија и за да се предизвика понатамошна дебата за влијанието на медиумите кои создаваат слика за убавина која е далеку од реалноста.



Спротивстави се на споредбите
Учениците согледуваат дека фокусирањето на изгледот често води до бескорисни споредувања. Наместо да проценуваат дека физичките карактеристики на другите луѓе се подобри од нивните, кои други позитивни споредувања може да прифатат? Во оваа работилница учениците ќе:
- разберат дека споредувањето на изгледот на поединци и медиумските слики е автоматско и дел од човековата природа
- идентификуваат начини на кои процесот на споредување на изгледот често има негативни последици за нив и нивните пријатели
- развијат нови начини како да се одговори во ситуации на споредување кои имаат позитивни резултати за нив и луѓето околу нив.

Во работилницата ќе се користи кратко видео и илустрации за поддршка на темите на дискусија и за да се предизвика понатамошна дебата за негативни последици од споредување на надворешниот изгледот.


Отфрли ги разговорите за надворешниот изглед
Преку разгледување на проблемите што може да ги предизвика зборувањето за изгледот, вклучувајќи и како тоа може да наштети на самодовербата, учениците развиваат техники за пренасочување или преформулирање на такви разговори. Во оваа работилница учениците ќе:
- сфатат што сé подразбира под зборување за изгледот, и зошто луѓето се вклучуваат во разговори за изгледот
- ги препознаат проблемите што ги предизвикуваат разговорите за изгледот и ќе развијат стратегии за да се спротистават на разговори за изгледот
- ќе се обврзат да превземат акција за градење на доверба на нивното тело
Во работилницата ќе се користат филмови и илустрации за поддршка на темите на дискусија и за да се предизвика понатамошна дебата за негативни последици од разговорите за надворешниот изгледот.
Филмови


Илустрација

Биди дел од промената

Во последната работилница се прави преглед и рефлексија на сé што научиле учениците. Учениците се подготвуваат да дадат пример на самодоверба во својот изглед, надвор од училиштето.
Во оваа работилница учениците ќе:
се обврзат дека ќе постапуваат како поборници за градење на самодоверба и доверба во сопственото тело, и ќе направат промени за себе.
промовирање на новата улога на учениците и развој на план за градење на самодоверба во својот изглед во нивната заедница
